Луис Енрике: Сакам доживотно да бидам селектор на Шпанија!

Шпанскиот селектор Луис Енрике, после елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство, рече дека нема намера да се повлече од функцијата.

Енрике е задоволен што играчите ги спровеле сите негови идеи, а додаде и дека никогаш не би заминал од националниот тим.

„Горд сум на моите играчи, ги спроведоа сите мои замисли. Јас бирав кој да ги шутира првите три пенали и затоа одговорноста е моја. Би останал селектор до крајот на животот, но тоа не зависи само од мене. Следната недела ќе зборувам со претседателот на федерацијата“ – рече Енрике.

- Оглас -

Најнови вести