Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, пред утрешниот натпревар против Монако во 25-тото коло од француското првенство, рече дека веќе е уморен од дуели со Кнезовите, но верува дека и Монако веќе не сака да игра против парижаните.
Тимовите веќе играа меѓусебно три пати оваа сезона. Натпреварот од Лига 1 кон крајот на ноември заврши со победа на Монако, а во плејофот за осминафинале од Лигата на шампионите, парижаните го елиминираа ривалот.
„Се познаваме многу добро. Ни требаат три бода. Но, ако јас сум уморен од играњето против Монако, можете да замислите како е за нив да играат против нас. Ние сме многу тежок противник. Лесно е да се критикува играта на ПСЖ, но ние сме кошмар за нашите противници“, рече Шпанецот.

