Поранешен фудбалер на Ливерпул и Арсенал има „луда“ идеја: „’Енфилд’ е идеално место за Гвардиола“

Манчестер сити и Пеп Гвардиола по десет години ќе се разделат летово, барем такви се најавите од британските медиуми. Ниту едната, ниту другата страна сè уште ги немаат потврдено ваквите информации, но јасно е дека за Граѓаните ќе започне нова ера, а Каталонецот ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата.

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Ливерпул, Жереми Пенант, има луда идеја, а тоа е Гвардиола да биде наследникот на Арне Слот на „Енфилд роуд“.

„Сите клубови во светот би сакале да го имаат Пеп за тренер. Сигурен сум дека би обожавал да го тренира Ливерпул. Треба само да ја види атмосферата при излегувањето на теренот. Без сомнеж, Гвардиола би обожавал да работи во таква атмосфера“, вели Пенант.

- Оглас -

Најнови вести