Јувентус се спомнува како најсериозна опција за следна дестинација на Луис Суарес кој ќе треба да си замине од Барселона, но ако тој ги напушти каталонците, за неговите услуги ќе се бори и Атлетико Мадрид. Во Мадрид ги разгледувале опциите и чекаат разврска, пред да почнат да делуваат.
Ако Атлетико го купи третиот стрелец во историјата на Барса, би му се реванширале на ривалот за сомнителното откупување на договорот на Антоан Гриезман минатата година.
Диего Симеоне веројатно ќе се ослободи од Диего Коста, па бара друг врвен голгетар со сличен карактер како Коста, а Суарес е токму таков. Уругваецот е познат провокатор, се има докажано и против Атлетико кога добиваше црвен картон и ги нервираше фановите на мадридскиот клуб.
И опцијата Јуве останува отворена за Суарес, но Старата дама уште размислува дали да го ангажира него или Един Џеко. Босанецот е докажан во Серија А, но од маркетиншка гледна точка, една година помладиот Суарес е во предност.