1.8 C
Skopje
четврток, 8 јануари 2026

Лука Дончиќ и Леброн Џејмс беа во елемент за триумф на ЛА лејкерс

Изминатата ноќ на НБА терените беа одиграни шест натпревари, а најинтересен за навивачите беше напредокот на Лос Анџелес лејкерс, кои во последно време почнаа да наликуваат на екипа каква што сите ја очекуваат.

Лејкерс дојдоа до третата победа во низа на незгодното гостување кај Њу Орлеанс Пеликанс со 103-111, а Дончиќ го покажа најдоброто од својот арсенал токму во моментите кога се решаваше натпреварот.

Во третата минута од последната четвртина, Дончиќ, се чинеше, ја загуби топката. Сепак, некако успеа да ја спаси да не излезе надвор од теренот, а потоа погоди чудесна тројка од исклучително тешка позиција.

На крајот, Дончиќ натпреварот го заврши со 30 поени, 10 асистенции и два скока. Фантастичен во победничкиот тим беше и Леброн Џејмс со 30 поени, осум асистенции и исто толку скока.

Во домашниот тим, партија на сезоната одигра Треј Марфи со 42 поени, но тоа не беше доволно да се избегне поразот.

Во останатите дуели имаше неколку големи изненадувања, а се издвојуваат победата на Вашингтон над Орландо со 120-112, како и драматичниот триумф на Мемфис над Сан Антонио со 106-105.

Очекувани победи остварија Кливленд над Индијана со 120-116, како и Минесота над Мајами со 122-94. Дуeлот меѓу Сакраменто и Далас им припадна на гостите со 98-100.

- Оглас -

Најнови вести