Лука Дончиќ сепак може да игра на Олстар-мечот

Лука Дончиќ доби повеќе од четири милиони гласови во гласањето на навивачите за настап на Олстар-мечот во Шарлот. Сепак, по одлуката на играчите и тренерите, тинејџерската сензација од Словенија не доби место на дуелот на којшто играат најголемите ѕвезди.

Во дебитантската сезона, Дончиќ веќе сруши неколку рекорди на НБА, а на Олстар-викендот ќе се натпреварува во вештини. Сепак, според последните информации од САД, Лука би можел да биде дел и од главниот настан. Олстар-центарот Ентони Дејвис се повреди за време на мечот Њу Орлеанс – Оклахома и многу веројатно е дека нема да може да настапи на неделниот дуел. Доколку е така, ќе мора да се најде замена, а Дончиќ е меѓу фаворитите.

Главни ривали на Лука за повторно разочарување да не биде избран како замена се Дерик Роуз и Руди Гоберт. Дончиќ во досегашниот дел од дебитантската сезона има просек од 20,7 поени, 7,2 скока и 5,6 асистенции по меч.

 

- Оглас -

Најнови вести