-1.2 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Лука Јовиќ ја одбил Барса бидејќи не му се останува во Ајнтрахт

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ, кој сезонава воодушеви многумина со своите игри во Бундеслигата, па и Лигата на Европа, имаше шанса да стане соиграч на Лионел Меси во Барселона, но одлучи да ја одбие понудата на Каталонците кои му нудеа да го купат, но и во следната сезона тој да остане да игра за екипата од Франкфурт.

Не се знае каде 21-годишниот Јовиќ ќе ја продолжи кариерата, Баерн и Реал Мадрид се интересираат за него, а и високата цена е проблем. Ајнтрахт бара 70 милиони, а клубовите кои го бараат нудат 50.

„Лука има понуди, едната е од Барсеона, но тој не е заинтересиран. Лука сака да игра во Лигата на шампионите, но не е сигурен дали би играл стандардно во Барселона“, изјави таткото на Лука, Милан Јовиќ.

- Оглас -

Најнови вести