Лука Јовиќ нема ниеден гол ни асистенција, ама има поголема плата од капитенот Рамос, Бензема, Марсело…

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ летово направи трансфер од Ајнтрахт во Реал Мадрид, и тоа за сума од 60 милиони евра. Иако беше најавуван како големо засилување, Јовиќ најчесто е на клупата за резерви, а требаше да биде главен на теренот.

Иако поминаа два месеци од почетокот на сезоната, Јовиќ нема постигнато ниту еден гол, а нема ниту асистенција за Реал Мадрид. И покрај тоа, годишната плата на Јовиќ е 20,8 милиони евра. Само Еден Азар со 31,2 милиони евра и Герет Бејл со 27,9 милиони евра годишна плата се поплатени од Јовиќ.

Зад Србино,т кој нема дадено ниеден гол за Реал, според годишната заработка се: капитенот Серхио Рамос, Марсело, Тони Крос, Кaрим Бензема и уште многу други докажани фудбалери во дресот на Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести