Лука Јовиќ се договори, нема да лежи во затвор поради кршење на карантинот

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ, против кого основното обвинителство поднесе тужба за направено кривично дело за непостапување по здравствени прописи за време на епидемија, се договори во рок од еден месец да уплати 3,5 милиони динари (околу 29.000 евра) во хуманитарни цели за да не лежи во затвор.

Јовиќ, кој игра за Реал Мадрид, денеска беше сослушан во Белград, по што е одлучено да се одложи кривичното гонење. Дали по решавањето на овој проблем, на фудбалерот ќе му тргне подобро на фудбалскиот терен, останува да се види. Србите, како и Македонија, играат бараж за место на ЕП, а Јовиќ е еден од адутите на нашиот северен сосед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести