Лука Јовиќ шест години во Реал Мадрид!

Реал Мадрид веќе го има првото големо засилување за следната сезона. Според пишувањата на весникот „Ас“, доаѓањето на Лука Јовиќ веќе е реалност. Голгетерот на Ајнтрахт Франкфурт во летниот преоден рок ќе замине во Мадрид и во следните шест години негов фудбалски дом треба да биде „Сантијаго Бернабеу“.

За трансферот на Јовиќ, Ајнтрахт ќе добие 60 милиони евра, што е речиси девет пати повеќе од тоа што германскиот бундеслигаш пред неполн месец го плати за да го откупи договорот од Бенфика. Ајнтрахт даде седум милиони евра на португалскиот тим за да биде 100 отсто сопственик на српскиот напаѓач.

Сепак, сите пари од трансферот нема да завршат во касата на Ајнтрахт, бидејќи според договорот, германскиот тим ќе треба да плати на Бенфика 20 отсто од трансферот (12 милиони евра).

Јовиќ сезонава даде 26 гола, а имаше и седум асистенции во 44 натпревари за Ајнтрахт сезонава. Повеќе европски клубови посакаа да го видат во своите редови, меѓу кои и Барселона, но Јовиќ сепак го одбра Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести