Српскиот напаѓач Лука Јовиќ има скршена коска во петата на десната нога, објавија од Реал Мадрид. Јовиќ вчера на тестирањето се појави расположен, но додека вежбал дома, се здобил со повреда, а денешните снимки покажале дека има скршеница. Ова е само продолжување на серијата малери кои го следат Јовиќ откако потпиша за Кралскиот клуб.
Јовиќ не се наметна кај тренерот Зидан, даде само два гола, а како што стојат работите, оваа сезона можеби и не е завршена за него. Шпанската лига треба да почне на 19-ти јуни, дотогаш има пет недели, но ќе се играат по две средби неделно и ќе заврши на 26 јули. Сепак, ако Јовиќ се врати на терен на почетокот на јули, и во теорија би можело да игра во финишот на сезоната во Ла Лига и на реваншот со Манчестер сити во ЛШ.