Лука ќе му суди на Интер против Џенова, брат му е важна фаца во Јувентус

Интер и Џенова ќе играат во сабота, а навивачите на популарните Нераѕури се незадоволни од одлуката главен судија на мечот од 17-тото коло да биде Лука Паирето.

Причината е јасна, братот на Лука, Алберто, е вработен во Јувентус, и тоа како директор на стадионот, па интерашите стравуваат од заткулисни игри.

Таткото на Лука и на Алберто е познатиот поранешен судија Пјерлуиџи Паирето, кој судеше во Серија А во периодот на големата афера „Калчополи“.

Сепак, и навивачите на Јувентус подготвија контранапад и презентираа податок дека Интер има биланс од три победи и едно реми кога му судел Лука Паирето и објаснуваат дека тој никогаш не го судел Дербито на Италија меѓу Јувентус и Интер.

Во сабота за Џенова ќе игра и Горан Пандев, кој паузираше еден меч и не настапи на големото дерби против Сампдорија поради исклучувањето против Лече.

 

- Оглас -

Најнови вести