Лука Маркеџани: Во ваков формат, Јувентус е прв фаворит во Лигата на шампионите

Лука Маркеџани изненади со прогнозата за расплетот во Лигата на шампионите и според поранешниот голман на Лацио, некогашниот голем конкурент на Бјанкочелестите, Јувентус е фаворит за титулата.

„Во ваков формат Јувентус според мене е главен фаворит за титулата. иако не играат добро, познато е дека италијанските екипи се мајстори за вакви завршници, кога нема поправен испит. Да беше се нормално, со двомечи во нокаут фазата би рекол дека Баерн, или Манчестер сити ќе ја освојат европската круна, но вака Јувентус е мој фаворит“, изјави Маркеџани.

Јувентус најпрво треба да го елиминира Лион, а реваншот во Торино на 7. август ќе го почне со негатива од 0:1 од првиот меч.

Ако Старата дама успее да го елиминира францускиот тим, тогаш ќе патува за Лисабон, каде ќе се игра завршницата на Лигата на шампионите.

На „Луж“ во Лисабон ќе се игра по поинаков формат од четвртфиналето, па се до крајот само со по еден меч, а Јувентус најпрво би играл со победникот од дуелот меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид, па евентуално потоа и со подобриот од Барселона/Наполи и Баерн/Челзи за да настапи во финалето што е закажано за 23. август исто така во Лисабон.

 

- Оглас -

Најнови вести