Лука Модриќ објави: Се уште не е крај, ќе играм за Хрватска во Лигата на Нации

Лука Модриќ го одигра последниот Мундијал и го заврши настапот за Хрватска на големите натпреварувања со медал, а објави радосна вест за неговата земја и за сите што го почитуваат како фудбалска величина.

„Ќе играм за Хрватска во Лигата на Нации, а за понатаму ќе видиме. Ме радува што иднината на нашиот фудбал е светла. Имаме многу таленти, некои играчи за првпат играа на Мундијал и веднаш освоија медал, што е одлично. Мене ми требаше цели 12 години за одличје на големо натпреварување. Пројдов се и сешто и задовилен сум од се што постигнав“, рече Модриќ.

Фудбалскиот велемајстор и на 37 години царуваше на Мундијалот и беше еден од најдобрите играчи, а по вторпат се закити со медал.

Во 2018 година со Хрватска играше финале на СП во Русија и загуби од Франција со 2:4, па го освои среброто, а сега во Катар стаса до бронза по триумфот против Мароко со 2:1, денеска во малото финале.

 

- Оглас -

Најнови вести