Лука Модриќ останува верен на Реал Мадрид!

Лука Модриќ и Реал Мадрид потпишале нов едногодишен договор, тврди официјален претставник на “кралскиот“ клуб. Договорот е со важност во 30-ти Јуни 2024-тата година, а хрватот следната сезона ќе биде и заменик капитен на Реал Мадрид.

Долго се шпекулираше дека Модриќ може да се пресели во Саудиска Арабија, но хрватот јасно стави до знаење дека нема паре да оди на Арапскиот полуостров и дека негова желба е да остане во Мадрид.

Модриќ во моментов е на подготовки со репрезентацијата на Хрватска за настапот на завршниот турнир на Лигата на нации, а ќе се врати во Мадрид за стартот од подготовките за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести