Фудбалерите на Реал Мадрид 15-тата титула од Лигата на шампионите ја прославија на „Сантијаго Бернабеу“ со своите навивачи. Секој од фудбалерите го зеде микрофонот и кажа по некој збор, а Лука Модриќ и дефинитивно ја потврди очекуваната одлука.
Хрватот својот говор го заврши со зборовите „се гледаме следната сезона“, што наиде на овации од навивачите на Реал Мадрид. Со тоа Лука Модриќ потврди дека уште една сезона останува фудбалер на Реал Мадрид и дека нема намера да си оди од „Сантијаго Бернабеу“.
„Многу ви благодарам за поддршката во текот на целата година. Овој пехар е ваш. Се гледаме следната сезона“, рече Модриќ.
https://twitter.com/YashRMFC/status/1797383486975914223?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1797383486975914223%7Ctwgr%5E81048392788bcbc57e1e0bfb1dc92de219a38d00%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-modric-uzeo-mikrofon-pa-potvrdio-sretnu-vijest-za-navijace-reala%2F2570187.aspx