Легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ (39) е вистинска икона на Реал Мадрид освојувајќи сè што може да се освои на домашно, европско и светско ниво.
Иако е на прагот на 40-тата година, тој сè уште игра на врвно ниво, а долго се шпекулираше дека ќе добие нов договор. Сепак, ситуацијата изгледа сосема поинаку – ова лето Модриќ најверојатно ќе го напушти Реал.
Шпанските медиуми откриваат дека Реал веќе започнал да бара замена, а прва цел е Енцо Фернандежс од Челзи. Дваесет и четиригодишниот Аргентинец има договор со Челзи до 2032 година и моментална вредност од 75 милиони евра. Тој може да покрива повеќе позиции во средниот ред, што го прави долгорочно решение за Кралевите.
Иако не е лесно да се донесе играч со таков долгорочен договор, познавајќи го авторитетот на Реал, трансферот не е невозможен.
Лука Модриќ веројатно ќе го напушти Реал, но не е јасно дали ќе продолжи во друг клуб или ќе стави крај на кариерата. Според новинарот Жоао Феликс Дијас, шансите за негово останување во Реал се многу мали.
Планот на Модриќ е да одигра уште една сезона во клупскиот фудбал, а потоа да се збогува со репрезентацијата на Светското првенство 2026, но и тоа останува неизвесно.
Лука Модриќ е најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал со 576 настапи, 43 гола, 92 асистенции и 27 освоени трофеи.