Интер ја искористи опцијата да го откупи договорот на Матео Политано и италијанскиот репрезентативец сега и официјално е член на Нераѕурите. Политано минатата сезона играше на „Џузепе Меаца“, но како позајмен играч од Сасуоло. Сега, челниците на гигантот од Милано платија 20 милиони евра за да го откупат договорот на играчот кој минатата сезона одигра 36 меча и даде пет гола.
На чекор до Интер е и напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку. Белгискиот репрезентативец ги договорил личните услови со италијанскиот калчолигаш, па треба да добива 180.000 фунти неделно во Интер, што е сериозно намалување на платата која ја добива сега во англискиот тим, а тоа е 225.000 фунти неделно.
Лукаку се согласил за намалување на платата за да може полесно да се изведе трансферот, односно да се договорат двата клуба за сумата која треба да ја платат Нераѕурите. Манчестер очекува од заминувањето на Лукаку да добие околу 75 милиони фунти.
Интер веќе подолго време се фокусира на доведување на Лукаку, играч кој тренерот на Манчестер, Оле Гунар Солскјер, сака да го продаде бидејќи нема да смета на неговите услоги за следната сезона.