31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Лукаку го доживеа најголемото понижување во кариерата

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку ги поминува најтешките моменти во неговата кариера, не знае каде ќе игра следната сезона и денеска беше понижен од страна на неговиот тим Челзи.

Имено, Сините одлучија да не му доделат број на Лукаку за новата сезона, што е јасна порака за Белгиецот дека менаџерот Маурисио Покетино воопшто не смета на него.

Медиумите пишуваат дека „деветката“ во Челзи се чува за новиот напаѓач и многу веројатно е тоа да биде Душан Влаховиќ.

Како иден тим на Лукаку се споменува токму Јувентус. Челниците на Старата дама се подготвени да го испратат во Лондон Душан Влаховиќ во замена за Лукаку и доплата од 40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести