Напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку, е среќен што и во клубот ќе игра заедно со сонародникот и репрезентативен колега Кевин де Бројне.
За 33-годишниот Де Бројне тоа ќе биде прво искуство играјќи за италијански клуб.
„Воодушевен сум што Кевин ни се придружи. Тој е токму она што му требаше на Наполи за да го направи следниот чекор. Тукушто станавме шампиони и сакаме не само да ја одбраниме титулата, туку и да се подобриме. Со него разговаравме неколкупати за Наполи, му објаснив како функционираат работите тука. Му кажав каде да бара сместување и такви работи. Како фудбалер на Наполи ќе добива многу љубов. Мило ми е што Кевин ќе може да го доживее тоа. Играњето фудбал во Италија е посебно. Тука има страст каква што не ја гледате секаде. Но, има и лоша страна… Играв во клубови каде што навивачите доаѓаа на тренинг кога работите не одеа добро. Не е пријатно, но ве тера да сфатите дека мора да го давате максимумот на секој меч“, изјави Лукаку.