Лукаку и Мартинес го водат Интер на сигурен пат до Скудетото

Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинес со голови го водат Интер на сигурен пат кон Скудетото во Италија. Двајцата најдобри стрелци и денеска погодија на дуелот со Торино за победа од 2:1, што го зацврсти Интер на врвот на табелата со 65 бода, девет повеќе од Милан, но со меч повеќе.

Торино се надеваше на реми и имаше добар резултат од 1:1 до 85. минута кога Мартинес ги разочара и погоди за победа на гостите. Аргентинцот е четврти најдобар стрелец во Серија А со 14 погодоци, зад Роналдо со 20, Лукаку со 19 и Мјуриел со 16 погодоци.

Изненадување се случи во Парма, а домаќините успеаја да освојат златни бодови во битката за опстанок со победа од 2:0 против Рома. Дуото романски репрезентативци Ман и Мхаила скроија акција за водечки гол во деветтата минута, а победата ја потврди Хернани со погодок во второто полувреме.

Во исто време од 15 часот во меч од Премиерлигата Лестер го прегази Шефилд јунјатед со 5:0. Интересно е што ниту еден гол не постигна најдобриот стрелец на Лисиците Џејми Варди, но двапати асистираше. Ихеначо постигна хет-трик, прецизен беше и Перес, а автогол си постигна Ампаду во финишот на мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести