Лукаку и Роналдо ја напуштија Италија, па Имобиле има отворен пат за да биде најдобар стрелец (видео)

Лацио одлично тргна во новата сезона под водство на Маурицио Сари, а од неговата стратегија засега најмногу профитира Чиро Имобиле кој најавува лесна битка за златната копачка во Италија. Напаѓачот на Лацијалите по две кола бележи четири погодоци, од кои три ги постига вечерва против Специја во големиот триумф од 6-1.

Иако домаќините беа шокирани од Верде во четвртата минута, Имобиле до паузата на трипати ја затресе противничката мрежа за прв хет-трик во новата сезона. Со оглед на тоа дека водечките стрелци од минатата сезона, Кристијано Роналдо и Ромелу Лукаку си заминаа од Италија, Имобиле делува како повторно да ќе биде најдобар голгетер на Чизмата.

Првиот од трите погодоци на Имобиле можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Покрај него, во триумфот од 6-1 погодуваа уште Андерсон, Хисај и Алберто во вторите 45 минути од мечот на „Олимпико“. Во меѓувреме Аталанта и Болоња ремизираа без голови.

- Оглас -

Најнови вести