Ромелу Лукаку закрепна од повредата и ќе игра за Интер во големото дерби против Јувентус кое е закажано за в недела во Милано. Белгискиот напаѓач го пропушти гостувањето на Интер кај Барселона во Лигата на шампионите, но ќе биде во стартниот тим на дербито на „Џузепе Меаца“.
Интер стартуваше перфектно во Серија А и засега има шест победи во шест меча, нешто што Нераѕурите не го направиле на стартот од сезоната во последните 50 години. Јувентус е тимот кој во последните осум сезони доминира во Серија А, а сезонава ќе имаат вистински предизвик да победат во Милано и со три бода да го симнат Интер од лидерската позиција.
Старата дама е позната по својата цврста одбрана, каде што еден од носителите треба да биде младиот Матајс де Лихт, кој треба да го сопре Лукаку.
„Мило ми е што ќе треба да го чувам Лукаку, но ова е меч меѓу Интер и Јувентус, а не меѓу нас двајца. Ќе биде тежок меч, Интер има квалитетен состав, но и ние сме одлични. Лично јас се чувствувам дека секој ден сум подобар и подобар“, рече Де Лихт.
Дербито се игра в недела, а понудата за обложување на сите мечеви од Серија А може да ја најдете на Sport Life.