20.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Лукаку ќе паузира минимум три месеци, Наполи ќе купува и напаѓач

Наполи излезе со официјално соопштение во врска со повредата на напаѓачот Ромелу Лукаку кој се повреди на пријателскиот меч со Олимпијакос.

Лукаку има сериозна мускулна повреда на квадрицепсот на бутот на левата нога и се размислува да биде опериран. Прогнозите се дека „Големиот Ром“ нема да може да игра минимум три месеци, па клубот разгледува варијанти и да купи нов напаѓач и да не го пријави Лукаку за првата полусезона во Серија А и лигашкиот дел на Лигата на шампионите.

Листата на потенцијални нови напаѓачи на Наполи е составена од Расмус Хојлунд, Николас Џексон, Џошуа Циркзе, Жан-Филип Матета, Никола Крстовиќ, Артем Довбик и Андреа Пинамонти.

- Оглас -

Најнови вести