Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку призна дека првично не сакал да се приклучи на Манчестер јунајтед во 2017 година, но сепак се пресели од Евертон на „Олд Трафорд“ за сума од 75 милиони фунти.
Во интервју за белгиски весник, Лукаку сакал да се врати во Челзи, но неочекуваниот телефонски повик од Жозе Мурињо го променил текот на настаните.
„Им кажав на сите: одам во Челзи. Но, одеднаш Мурињо ми се јави и ми кажа дека Манчестер јунајтед дал понуда. Се вратив од одмор и одеднаш имаше договор со Евертон. Му реков на агентот Мино Раиола: „Не го сакам ова“ и решив дека од сега па натаму ќе преговарам сам“, раскажува Лукаку.
Лукаку одигра 96 натпревари за Јунајтед, постигнувајќи 42 гола и 12 асистенции, но не успеа да се етаблира како стандарден играч во првиот тим на Црвените ѓаволи под водство на Мурињо и Оле Гунар Солскјер. Тој го напушти клубот во 2019 година за да се приклучи на Интер, пред да се врати во Челзи во 2021 година. Лукаку сега игра за Наполи.