Лукаку: Посакувам трофеј со Белгија

Ромелу Лукаку со својата репрезентација, Белгија, ќе се обиде да го освоји овогодишното издание на Лигата на нациите. Одличниот напаѓач го посакува својот прв трофеј со Црвените ѓаволи, а првата пречка во полуфиналето е актуелниот светски првак, Франција.

„Сто натпревари за националниот тим е нешто што од почетокот на кариерата го сонувам. Сега имам 28 години и се надевам дека ќе го освојам првиот трофеј со овие момци, бидејќи играме навистина одлично.

За Франција нема потреба да се трошат зборови бидејќи сите знаеме за колку силна селекција станува збор“, изјави Лукаку.

Овие две селекции се среќаваат во четврток, во меч кој се игра од 20:45 часот на „Алијанц арената“ во Торино. Во второто полуфинале, ден порано се среќаваат Италија и Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести