Лукаку прослави на необичен начин: Си ја „затна устата“ и си стави „пиштол на глава“

Рома одигра нерешено 1:1 на гостувањето кај Феенорд во првиот меч од шеснаесетфиналето во Лигата на Европа, што значи дека реваншот на „Олимпико“ ќе биде неизвесен.

Феенорд поведе со гол во последната минута од првото полувреме, а Рома израмни преку Ромелку Лукаку во 67-мата минута за конечни 1:1. По постигнувањето на погодокот, Лукаку реши да прослави на необичен начин. Тој самиот си ја „затна устата“ и си стави „пиштол на глава“.

Многумина се збунија од ваквиот начин на прослава, но таа носи важна порака. Лукаку е роден во Антверпен, но по потекло е од ДР Конго, земја во која веќе 30 години има внатрешни немири, а посебно се интензивирани во последниот период.

Во источниот дел од земјата еден месец траат константни борби меѓу војската и бунтовниците од паравоената формација М23. Голем број луѓе се обидуваат да избегаат од ризичните подрачја, каде што постојано има нови мртви и ранети.

„Стоп за геноцидот“, беше пораката од Лукаку испратена преку социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wavy Footy (@wavyfooty)

Лукаку всушност ја копираше пораката што фубалерите на ДР Конго пред неполни 10 дена ја испратија за време на полуфиналниот дуел од Африканскиот куп на нациите, кога додека стоеја мирно на химната, сите беа со едната рака врз устата, а со другата си ставија „пиштол на глава“. 

 

- Оглас -

Најнови вести