Лукаку се договорил со Јуве два дена после финалето на ЛШ, а утредента искажуваше љубов кон Интер

Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио, кој често објавува ексклузивни информации од трансфер пазарот, тврди дека Ромелу Лукаку ќе игра за Јувентус во следната сезона и дека Белгиецот се договорил со Јуве уште во јуни.

Лукаку е член на Челзи, но лондонските Сини не го сакаат во своите редови и планираат да го продадат. За Ди Марцио, не е спорно што Јуве сака да го купи, туку тајмингот и тоа што Лукаку откако веќе кажал „да“ за трансфер во Старата дама, ден потоа на социјалните мрежи изразуваше љубов кон клубот со кој стигна до финалето на Лигата на шампионите, а тоа е Интер.

Според Ди Марцио, Лукаку ги договорил условите со Јуве на тајни преговори на 12-ти јуни, два дена после финалето на ЛШ, а утредента, на 13-ти, на социјалните мрежи имаше порака до фановите на „саканиот и прекрасен клуб Интер“.

Сега кога е пред премин во Јуве, Лукаку стана најомразена личност кај фановите на Нераѕурите и го нарекуваат предавник и дволичен.

- Оглас -

Најнови вести