Лукаку се уплашил од Ибра за кладба од 50 фунти

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку беа соиграчи во Манчестер јунајтед, а доколку се случи шведскиот ветеран да прифати да се врати во Интер, повторно ќе ги бранат боите на ист тим. Легендарниот Златан вели дека Лукаку е одличен фудбалер со голем потенцијал, но мора да поработи на техниката.

Додека биле заедно на „Олд Трафорд“, Ибра му понудил на Белгијанецот интересна кладба.

„Ромелу е многу силен и незадржлив во дуел играта, но техниката му е навистина лоша. Додека игравме во Манчестер, му нудев да му платам по 50 фунти за секој пристоен прв контакт со топката. Доколку тој погреши, ќе требаше тој на мене да ми дава по 50 фунти. Се уплаши и не сакаше да прифати“, открива Ибрахимовиќ.

И покрај очигледно лошата техника, Златан вели дека Лукаку е одличен играч кој може многу да напредува. „Тој има многу силна волја да стане сјаен играч. Му реков дека ако успее секој прв допир со топка ќе биде мнгоу подобар играч, а тоа вреди многу повеќе од парите“, додава Ибрахимовиќ.

На Златан во декември му завршува договорот со Лос Анџелес галакси и ќе биде слободен играч, а засега не знае каде би ја продолжил кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести