Лукаку: Водечките европски клубови знаат дека Саудиска Арабија им се доближува

Напаѓачот на Челзи кој сезонава ја мина како позајмен во Рома, Белгиецот Ромелу Лукаку, го сподели своето мислење за нивото на фудбалот во Саудиска Арабија.

Откако Кристијано Роналдо „повлече нога“, во декември 2022 година, многу ѕвезди се охрабрија да заминат таму, па во лигата во таа арапска земја играат и фудбалери како: Садио Мане, Нејмар, Карим Бензема, Фабињо, Џордан Хендерсон, Малком, Роберто Фирмино, Ријад Махрез, Александар Митровиќ и многу други.

„Нивото во Саудиска Арабија само ќе се зголемува. На многу повисоко ниво отколку што мислат многу луѓе. Сè повеќе фудбалери ќе се стремат да играат таму. Сè уште треба да се подобри инфраструктурата, но сите врвни европски клубови разбираат дека Саудиска Арабија е блиску. Тоа веќе може да се види во боксот, голфот, Формула 1“, изјави Лукаку.
- Оглас -

Најнови вести