Лукман и донесе европски трофеј на Аталанта и веднаш се најде на радарот на вистински гигант

Адемола Лукман ги постигна трите гола за Аталанта против Баер Леверкузен (3:0) во финалето во Лигата на Европа и веднаш го сврте вниманието на еден од најголемите фудбалски клубови на светот, Барселона.

Директорите на Барселона, Деко и Бојан Кркиќ, во живо на „Даблин арената“ го следеа мечот меѓу Аталанта и Баер Леверкузен во средата и биле импресионирани од прикажаната игра на Лукман, и веруваат дека напаѓачот одлично би се вклопил во каталонскиот тим, пишува „Спорт“.

Лукман има договор со Аталанта до 2025 година, а неговата вредност изнесува околу 30 милиони евра, сума која Барселона е подготвена да ја плати за да го донесе нигерискиот репрезентативец на „Камп Ноу“.

- Оглас -

Најнови вести