Лукман со хет-трик и донесе европски трофеј на Аталанта, ништо од перфектната сезона за Баер (Фото)

Фудбалерите на Аталанта триумфираа во Лигата на Европа откако во вечерашното финале кое се играше на „Даблин арената“ со убедливи 3:0 го совладаа Баер Леверкузен.

Ова е втор освоен трофеј за Аталанта во клупската историја, до вечерва во витрините стоеше само трофејот за триумфот во Купот на Италија од 1963, а од утре ќе има и европски трофеј.

Баер Леверкузен со убедливиот пораз во Даблин, не успеа да има перфектна сезона и го доживеа првиот пораз и тоа во меч за титула.

Италијанскиот тим беше многу подобар тим на „Даблин арената“ и сосема заслужено на крајот го крена шампионскиот пехар.

Херој на Аталанта беше Адемола Лукман кој би постигна сите три кола. Првиот гол го даде во 12-тата минута, во 26-тата минута погоди за 2:0, а конечниот резултат го постави во 75-тата минута.

Лукман стана првиот фудбалер во историјата на Лигата на Европа кој во финалето постигнува три гола.

- Оглас -

Најнови вести