Лутиот Лунин не го гледаше бараж натпреварот на Украина, одбра да оди на кошарка

Голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин, не го гледал клучниот натпревар од баражот за квалификациите за Светското првенство помеѓу неговата земја и Шведска, туку одбра со сопругата Анастасија да присуствуваат на кошаркарскиот натпревар од Евролигата помеѓу Реал и Анадолу Ефес.

Украинската репрезентација загуби со 1-3 од Шведска во Валенсија, со што ги загуби шансите за пласман на СП. Лунин не беше повикан во националниот тим, иако на последните неколку меча редовно брани и тоа добро, а во финишот на дербито со Атлетико Мадрид стана и првиот Украинец што ја носел капитенската лента на Кралскиот клуб. Селекторот Серхиј Ребров рече дека кога го правел списокот, Лунин уште бранел и имал пауза од два месеци, па затоа не го повикал. 

Ако ништо друго, Лунин се сретна со сонародникот Алекс Лен кој игра за кошаркарскиот тим Реал Мадрид и си разменија дресови.

- Оглас -

Најнови вести