28.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

Мадридската пресметка и дербито во Торино се во фокусот на Спортската прогноза

Типувањето за третото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е во тек.

Првиот натпревар е в сабота, во 15:30 часот, што е и крајниот рок за вашите типови. Саботните средби се повеќе од интересни: Хајденхајм – Аугсбург, Волфсбург – Лајпциг, Лидс – Борнмут, Атлетико Мадрид – Реал Мадрид, Јувентус – Аталанта и Мајорка – Алавес.


Дерби-дуелите се играат во Мадрид и во Торино.

Неделната понуда ги вклучува следните натпревари: Астон вила – Фулам, Елче – Селта, Мец – Ле Авр, Њукасл – Арсенал, Келн – Штутгарт, Рен – Ленс и Милан – Наполи. Во недела се играат и двата резервни пара, кои се бројат за генерален пласман.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари од основната понуда, како подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

- Оглас -

Најнови вести