Маестрален стратег е најдобриот голгетер во историјата на Азербејџан – Карабах со него пишуваше историја, сега пак победува на патот кон ЛШ (Видео)

Вечниот тренер на Карабах, Гурбан Гурбанов, уште еднаш докажа дека е одличен стратег и го предводеше првакот на Азербејџан до значајна победа против Цирих од 3:2.

Карабах фати одличен залет во квалификациите за Лигата на шампионите и на последните два меча постигна дури 8 гола, што е одличен ефект под команда на Гурбанов, кој е најдобиот стрелец во историјата на репрезентацијата на Азербејџан со 14 гола.

Гурбанов и Карабах заедно испишаа историја на азербејџанскиот фудбал во 2017 година, кога за првпат клуб од оваа земја играше во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Кади го постигна првиот гол на мечот и Карабах поведе со 1:0 во 17-тата минута и тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.

Цирих, кој е првак на Швајцарија и според рејтингот е фаворит во двомечот, набрзо имаше и негатива од два гола по прецизниот удар на Ваџи, а истиот играч погоди уште еднаш за Карабах за предност во тој момент од 3:1.

Швајцарците сепак си оставија надеж за успех во реваншот со два гола во вториот дел, а стрелци беа Камбери и Круезиу.

Во првиот дуел од двомечот од второто квалификациско коло изненади Жалгирис со победа од 1:0 против Малме, а со ист резултат на гости победа славеше Дуделанж против Пјуник.

Вечерва од 21 часот и македонскиот првак Шкупи го почнува двомечот од второто квалификациско коло, со меч на „Максимир“ против Динамо Загреб од 21 часот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести