Маестрална акција на Тотенхем, голот на Сон може да го уништи ливерпулскиот сон за титула (Видео)

Тотенхем води со 1-0 на половина час до крајот на премиерлигашкото дерби против Ливерпул на „Енфилд“. Фановите на лондонскиот тим се во еуфорија, откако Кореецот Сон даде гол за предност.

За Сон ова е 20-ти гол сезонава, а ниту еден не беше од пенал. Последен играч на Тотенхем на кој му пошло тоа од рака беше Герет Бејл. Инаку, последната победа на Тотенхем над Ливерпул на гости беше во 2011 година, кога стрелци за Петлите беа Ван Дер Варт и Модриќ.

Ливерпул ако загуби, драстично ќе си го намали шансите за освојување на титулата во Премиерлигата.

https://twitter.com/i/status/1523030068162809862

- Оглас -

Најнови вести