Маестро Роналдо: Два гола и магична асистенција за лесна победа на Јувентус

Кристијано Роналдо како вистински лидер е најзаслужен за победата на Јувентус против Удинезе со 4:1 во Торино. Првата ѕвезда во италијанскиот фудбал даде два гола, а имаше и една асистенција за три бода на Јувентус, па сега италијанскиот првак стигна до 27 бодови од 14 меча, 10 помалку од лидерот Милан кој одигра 15 меча досега.

Јувентус ја најави победата со погодокот на Роналдо во 31 минута, а потврдата стигна во вториот дел. Роналдо најпрво асистираше за гол на Киеза во 49 минута, а потоа Португалецот повторно погоди во 70 минута.

Последните 20 минути во Торино кај гостите ги одигра и македонскиот репрезентативец Илија Несторовски. По влегувањето на Несторовски, Удинезе успеа да даде почесен гол во 90 минута, но во судиското надополнување, домаќините преку Дибала стигнаа до 4:1.

- Оглас -

Најнови вести