Магдебург е првиот тим кој и официјално се пласира на завршнот фајналфор-турнир во ракометната Лига на шампиони.
Германците за победата од 30-28 над Висла Плоцк треба да му заблагодарат на Холанѓанецот Каи Смитс, кој вечерва постигна дури 14 гола. Осум гола даде Дамгард, четири имаше Мајстер, па ова е триото кое е најзаслужно што Магдебург за првпат по 2004 година е полуфиналист во ЛШ.
Првиот меч во Полска заврши нерешено, а и вечерва беше тесно, но пресуди серијата од 3-0 по која домашните се одлепија на 29-26.