Магичната тројка на Ѓорѓевиќ што му донесе европска титула на Партизан (Видео)

Највредната кошаркарска победа на Партизан е токму на 16 април. Точно пред 28 години, односно на 16 април 1992 година, Црно-белите играа финале во кошаркарската Лига на шампиони на ФИБА. Противник беше тимот на Хувентуд.

По првото полувреме Партизан имаше водство од 40:34, но јасно беше дека тоа нема да гарантира ништо во вториот дел. Во последните 30-тина секунди беше нерешено 68:68, а шпанскиот тим имаше напад кој го завршија со поени за водство од 70:68. Тогаш останаа уште 10-тина секунди до крајот, а топката ја зеде Александар Ѓорѓевиќ.

Бекот на Партизан немаше многу опции, па го претрча речиси целиот терен, дојде до линијата за три поени, скокна и од многу тешка позиција успеа да погоди тројка. Таа тројка беше тројка за победа на Партизан и европска титула. Ѓорѓевиќ мечот го заврши со 23 поени и заедно со Предраг Даниловиќ, кој беше прв стрелец на мечот со 25 поени, беа хероите на Партизан кои уште се памтат.

- Оглас -

Најнови вести