Босанецот Ермедин Демировиќ на феноменачен начин го постигна својот прв гол во дресот на Аугзбург, каде дојде летово од Фрајбург.
Демировиќ не го спаси својот тим од пораз против Мајнц (мечот заврши 1-2), но направи ретко видена мајсторија и гол со пета. Можеби имаше и среќа, но сепак има тука и знаење.
Борусија Дортмунд водеше со 2-0 со 89-та минута, а на крај шокантно загуби со 2-3. Лоша вест е и што во првото полувреме на денешниот дуел против Вердер, останаа без Емре Џан.
Најголемо разочарување е Баер Леверкузен кој уште нема бод после три одиграни мечеви и гол-разликата му е 1-6. Денеска Баер загуби со 0-3 од Хофенхајм, а првиот гол на Баумгартнер беше убавец и постигнат со шут со пета.
https://twitter.com/i/status/1560995147202334720
Погледнете го голот на Демировиќ од Аугзбург кој ќе конкурира не само за најубав гол во колото, туку и на целата сезона:
https://twitter.com/i/status/1560996754304012289