Реал Мадрид ја совлада Жирона со 2-0 во дербито на денот во шпанската лига, а меќот ќе се памети по прекрасниот гол на Лука Модриќ со кој Кралскиот клуб поведе со 1-0.
Реал се мачеше преку некакви акции да даде гол, а во финишот на првиот дел хрватскиот ветеран покажа каков фудбалски мајстор е, и испрати бомба која беше неодбранлива. Ова е еден од најубавите, можеби и најубав гол во неговата долга кариера. Од 30-те гола кои ги дал Модриќ во Ла Лига, 14 се со шутеви од надвор од 16-никот. Тој е шести најстар стрелец во историјата на лигата.
Конечните 2-0 ги постави Винисиус кој после долго време даде гол во шпанското првенство.
Бојан Миовски влезе во игра во 75-та минута.
Ова е голот на Модриќ:
⚽️ GOAL: Modric what a strike!
🇪🇸 Real Madrid 1-0 Gironapic.twitter.com/UqfnKDQV32— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 23, 2025