Махучих и Дуплантис во Скопје беа крунисани за најдобри европски атлетичари (Видео)

Јарослава Махучих и Арманд Дуплантис синоќа на свечена церемонија во Скопје беа крунисани за европски атлетичари за 2024 година. Церемонијата „Голден Тракс“ се одржа во Скопје, во Македонската опера и балет.

Махучих и Дуплантис освоија европски и олимписки титули и поставија светски рекорди во 2024 година.


Годинашните победници во категоријата „Ѕвездата во подем“ наменети за најдобрите млади атлетичари, се српската атлетичарка Адријана Вилагос, која е сребрена медалистка во фрлање копје, и шестопласираниот на ЛОИ во Париз на 1500 метри, Нилс Ларос од Холандија.

Специјална награда наречена „Тимски дух“ доби и италијанскиот национален тим кој настапи на ЕП во Рим, а за најдобри тренери наградите ги понесоа Драгутин Топиќ од Србија и неговиот сонародник Дерди Вилагос.

- Оглас -

Најнови вести