Мајами и Палмеирас си одиграа реми кое им одговараше, за вечерва на повидок нова „бисквита“

Во Бока јуниорс се плашат дека веќе се елиминирани од Светското клупско првенство, иако уште имаат шанса да влезат во осминафиналето, им треба убедлива победа на Оукленд сити и пораз на Бенфика од Баерн.

Проблемот на Бока е што и на Баерн и на Бенфика им одговара нерешено, со што двата тима би си ја оствариле целта, Баварците да го освојат првото место во групата, а Португалците да се најдат во нокаут-фазата.

Синоќа имаше меч (Интер Мајами – Палмеирас) на којшто со реми двата тима одеа понатаму и средбата заврши нерешено.

Вечерва пак има можна популарно наречена „бисквита“. Не е класично местење на натпревар, но ако резултатот им оди во прилог на двата тима, сигурно нема да се „претргнат“ да одат на победа. Квотата за нерешено на Бенфика – Баерн Минхен е одлична во Sport Life, а можноста овој дуел да заврши нерешено е голема.

Во Баерн тврдат дека не размислуваат на друго освен на победа, но има и една друга работа. Ако Баерн заврши прв и ако нема изненадување, во осминафиналето ќе се соочи со Челзи, и тоа во најжешкиот град Шарлот, оддалечен 830 километри од тренинг-кампот на Баварците во Орландо.

Со пораз од Бенфика и завршување на второ место, тимот од Минхен ќе има плус еден ден одмор и ќе треба да патува само 380 километри до Мајами, каде што ќе се соочи со навидум полесен противник, Фламенго.

Германците лани имаа непријатно искуство од играњето чесно, голот на Фулкруг во 92-рата минута против Швајцарија им го обезбеди првото место во нивната група на неодамнешното Европско првенство, но ги однесе на мегдан против силната Шпанија, од која беа елиминирани на драматичен начин.

- Оглас -

Најнови вести