Мајами размонтиран: Трипл-дабл шоу на Џејмс за 17-та титула на Лејкерс (видео)

ЛА лејкерс ја заврши работата во шестиот финален натпревар против Мајами хит и со убедливи 106:93 стигна до 17-тата титула во НБА лигата, прва од сезоната 2019/10, за израмнување по бројот на титули со вечниот ривал Бостон селтикс. Тотална доминација приреди екипата на Френк Вогел на чело со неприкосновениот Леброн Џејмс, кој одигра без грешка и брилјираше со трипл-дабл учинок водејќи го шоуто на Езерџиите.

За разлика од петтиот меч во кој Лејкерси играа со многу осцилации, сега перфектно функционираше и нападот и одбраната. Максимално фокусирни на задачата тргнаа фуриозно од самиот почетока, а Мајами парираше само до резултат 13:13. Жешките наредија неколку неискористени напади, а сето тоа го искористи Џејмс и компанија, по што Лејкерс постепено почна да ја гради големата разлика откако четвртината ја освои со 28:22.

https://twitter.com/NBA/status/1315439887475257344

Мајами продолжи со катастрофалната реализација, а Лејкерси секое промашување на противникот го претвораа во успешен контра-напад. Џејмс без милост го напаѓаше обрачот, а доволна беше една серија од 13-0 за да се случи тотален распад на екипата на Ерик Сполстра, па уште во првото полувреме да биде јасно дека титулата ќе заврши во Лос Анџелес, откако на паузата се замина со +28 поени во корист на Езерџиите.

https://twitter.com/NBA/status/1315450913126068227

Мајами по оние скромни 16 поени во втората делница, се поправи за нијанса во нападот и стигна до 22 поени во третиот период. На теренот по четири меча пауза се врати и Горан Драгиќ, но тоа никако не му помогна на тимот од Флорида, бидејќи Лејкерси продолжија во ист ритам одржувајќи ја предноста од +30 поени.

Комплетно потфрли лидерот на Мајами Џими Батлер, очигледно беше дека недостасува неговата енергија, како и помошта од младиот Хиро, кој исто така исчезна во клучната пресметка. Хит предвреме се соочи со поразот, не можејќи да ги одржи во живот надежите за мајсторка, додека Лејкерс го полнеше нивниот кош до самиот крај. Се разигра Адебајо, па разликата падна на 22 поени, а потоа и на -13, за да не биде срамотно разочарувањето.

Џејмс до својот четврти шампионски прстен диригираше со 28 поени, 14 скока и 10 асистенции, го следеше Рондо со 19 поени како џокер од клупата на Вогел. За Дејвис скромни се 19 поени, во Веѓата оствари дабл-дабл со 15 скока. Адебајо беше светла точка во Мајами со 25 поени и 10 скока.

- Оглас -

Најнови вести