0.8 C
Skopje
четврток, 8 јануари 2026

Мајк Мењан потпишува нов договор со Милан до 2031 година

Голманот Мајк Мењан е блиску до продолжување на договорот со Милан, а се очекува новата спогодба да важи до 2031 година.

Росонерите му понудиле на 30-годишниот француски чувар на мрежата плата од 5,7 милиони евра по сезона. Тоа е истата плата која ја добива и Рафаел Леао, кој моментно е најплатениот фудбалер во тимот.

Се очекува Мењан и раководството на Милан во наредните денови да ги финализираат преговорите и да го потпишат новиот договор.

Тренерот на италијанскиот гигант, Масимилијано Алегри, силно инсистира Мењан да биде задржан, гледајќи во него клучна фигура на тимот за годините што следуваат.

- Оглас -

Најнови вести