Мајк Тајсон не е импресиониран: Усик и Џошуа не би имале шанси против мене (ФОТО)

Мајк Тајсон не е импресиониран од борбата меѓу Олександар Усик и Ентони Џошуа.

Легендарниот боксер смета дека не би имал проблем да ги совлада овие двајца ривали кога беше во своите најдобри денови.

„Едноставно, не сум импресиониран од борбата, можеби се работеше за ‘лоша вечер’, но мислам дека не би имал проблем да ги победам овие двајца боксери кога бев во најдобрите денови“, напиша Тајсон на социјалната мрежа „Твитер“.

Како што е познато, Украинецот славеше на поени против Џошуа во борбата во Лондон пред повеќе од 70 илјади навивачи.

- Оглас -

Најнови вести