Мајката на претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ), Луис Рубијалес, Анхелес Бехар, започна штрајк со глад, но по три дена заврши во болница.
Таа се затворила во локална црква во гратчето Монтриљо и стапила во штрајк со глад, но по три дена била хоспитализирана во болница поради големите горештини кои и ја влошиле здравствената состојба.
Таа се одлучи на ваков чекор бидејќи нејзиниот син се најде на столбот на срамот откако на победничкиот пиедестал по триумфот на женската репрезентација на Шпанија на Светското првенство ја бакна во уста фудбалерката Џени Ермосо. Тој потег го осудија голем број фудбалски работници, невладини организации како и шпанската влада и сите побараа оставка од Рубијалес.