Мајката на селекторот на Мароко за прв пат го гледаше синот во живо и веднаш беше сведок на чудо (Видео)

Фудбалерите на Мароко го приредија најголемото изненадување на СП во Катар со елиминацијата на Шпанија и пласманот во четврфиналето, а ветер во грбот им даваат нивните семејства кои се со нив во Катар, а некои од нив за прв пат гледааат фудбалски натпревар во живо.

Една од најубавите фотографии направени во Катар беше таа по натпреварот на Мароко против Белгија во групната фаза, кога еден од најдобрите фудбалери на оваа земја, Ашрах Хакими, отрча кон трибините и победата ја прослави во прегратка со својата мајка, додека, најубавата приказна е таа на селекторот Валид Реграгуи и неговата мајка.

Реграгуи, само неколку месеци пред стартот на Мундијалот беше назначен за селектор на Мароко по бунтот на репрезентативците против Вахил Халилхоџиќ кој ја однесе селекцијата на СП, во Катар ја понесе својата мајка Фатима која за прв пат во живо гледа фудбалски на кој актер е нејзиниот син.

„За време на неговата кариера, и како играч и како тренер, ниту еднаш не отидов на стадион за да го бодрам. Повеќе од 50 години живеам во Франција, и ова е прв пат да го напуштам Париз поради негов натпревар“, изјави Фатима, мајка на селекторот Валид Реграгуи.

- Оглас -

Најнови вести