Мајкил Антонио како Анри и Дрогба од најдобрите денови

Вест Хем и Кристал палас играат премиерлигашки меч кој е уживање за гледање, на десетина минути до крајот резултатот е 2-2, а напаѓачот на Чеканите, Мајкил Антонио, испишува историја.

Антонио дојде до бројка од 50 премиерлигашки голови во дресот на Вест Хем, влезе во клупската историја како единствен со асистенции на секој од првите три меча во сезоната, а со четири гола и три асистенции, тој е директно вклучен во 7 гола на Вест Хем во воведните три кола од Премиерлигата. Седум асистенции и голови во првите три рунди од англиската лига имале само уште Тјери Анри и Дидие Дрогба.

- Оглас -

Најнови вести