Мајкл Џордан останува недопирлив

Кавај Ленард постигна вкупно 732 поени за новиот шампион Торонто репторс во целиот циклус од плејофот, вкучувајќи го и финалето, што е трет најдобар ефект во историјата на НБА лигата, зад Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.

Легендата на светската кошарка Џордан остана на првата позиција со вкупно 759 поени постигнати во плејофот во 1992 година, а зад него е Џејмс со ланските 748 поени.

Кавај ќе имаше шанса да биде на врвот на листата, ако се играше мајсторка, но вака е послатко и за него и за Репторс. Во Торонто пристигна првата и историска НБА титула, а Ленард беше душата и срцето на новиот шампион во текот на целиот плејоф.

„Сакав заедно со соиграчите да испишеме историја во Торонто. За среќа успеавме да го сториме тоа“, изјави Ленард по победата во шестиот меч со 114:110.

Во Торонто се подготвува спектакуларен пречек на шампионската генерација, која успеа да го пробие мразот и да ја донесе првата НБА титула за клубот од Канада.

- Оглас -

Најнови вести